Утре почнува Лидерскиот самит на ЕУ во Брисел: На дневен ред се наоѓа и Турција

Лидерскиот самит на Европската унија (ЕУ) ќе се одржи утре и задутре (на 24 и 25 јуни) во главниот град на Белгија, Брисел

1663523
Утре почнува Лидерскиот самит на ЕУ во Брисел: На дневен ред се наоѓа и Турција

Лидерите на земјите членки на Европската унија (ЕУ) утре ќе се состанат за разгледување на низа точки на актуелниот дневен ред меѓу кои се наоѓа и Турција.

Лидерскиот самит на Европската унија (ЕУ) ќе се одржи утре и задутре (на 24 и 25 јуни) во главниот град на Белгија, Брисел.

На дневниот ред на лидерите на ЕУ ќе се најдат борбата против епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19), фондовите за спасување за земјите членки на ЕУ, соработката со трети земји по прашањето на миграцијата, како и надворешните односи меѓу кои се наоѓаат прашања посветени на Турција, Белорусија и Русија.

Во делот од дневниот ред посветен на Турција за којшто ќе се разговара за време на вечерата, се очекува да бидат разгледани наслови како што се односите меѓу Турција и Европската унија (ЕУ) и особено ситуацијата во Источниот Медитеран и Кипар, миграцијата, помошта којашто ќе се доставува за Сиријците во Турција, ажурирањето на Царинската унија и трговијата. 

 



Слични вести