Терористичката ЈПГ/ПКК го затвори граничниот премин Сималка за премин на цивилите

Регионалната влада на Курдите на северот на Ирак донесе задолжително аплицирање преку интернет за цивилите кои преку граничниот премин Сималка во Хасеке сакаат да преминат во Ирак

1662979
Терористичката ЈПГ/ПКК го затвори граничниот премин Сималка за премин на цивилите

 

Сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК, граничниот премин Сималка помеѓу Регионалната влада на Курдите на северот на Ирак и Сирија го затвори за премин на цивилите.

Според информациите добиени од локални извори, Регионалната влада на Курдите на северот на Ирак направи аранжман за премин на патниците кои од Хасеке, кој е под окупација на ЈПГ/ПКК сакаат да преминат кон Ирак.

Со новата регулатива, администрацијата на Регионалната влада на Курдите на северот на Ирак под чија контрола се наоѓа граничниот премин Фишабур кон Сирија, донесе задолжително аплицирање преку интернет за цивилите кои преку граничниот  премин Сималка во Хасеке сакаат да преминат во Ирак.

Пред воведувањето на регулативата, преку преминот Сималка-Фишабур можеа да влезат во Ирак само лицата чии имиња се наоѓаа на списоците доставени од терористичката организација.

Наспроти овој чекор на Регионалната влада на Курдите на северот, терористичката организација ЈПГ/ПКК вчера го затвори граничниот премин Сималка за премин на патници.

И натаму продолжуваат трговските активности меѓу Фишхабур и Сималка.



Слични вести