Руски воен авион отворил предупредувачки оган врз британски воен брод во Црното Море

Во објавеното соопштение од руското Министерство за одбрана се наведува дека британскиот воен брод „ХМС Дефендер“ ја прекршил границата во Феленк во југозападниот дел на Крим, кој е незаконски анектиран од страна на Русија

1663522
Руски воен авион отворил предупредувачки оган врз британски воен брод во Црното Море

Руски авион отворил предупредувачки оган врз британски воен брод поради прекршување на границата во Црното Море.

Во објавеното соопштение од руското Министерство за одбрана се наведува дека британскиот воен брод „ХМС Дефендер“ ја прекршил границата во Феленк во југозападниот дел на Крим, кој е незаконски анектиран од страна на Русија. 

Во соопштението се вели дека затоа полетал руски воен авион „Су-24М“ и се истакнува следното: „Рускиот авион кој ги брани границите во 12:06 и 12:08 (по локално време) отвори предупредувачки оган врз британскиот брод. Су-24М по 9 минути изврши предупредување за бомбардирање врз рутата на бродот Дефендер.“

Во соопштението се истакнува дека со заедничките преземени активности на Црноморската флота на Русија и пограничната гарда на руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) британскиот воен брод ја напуштил границата, а воедно се вели дека во врска со случајот воениот аташе на Амбасадата на Велика Британија во Москва е повикан во руското Министерство за надворешни работи.

Инаку, областа Феленк кадешто се наведува дека била прекршена границата од страна на британскиот брод се наоѓа во границите на територијалните води на Крим. 

Русија го анектира Крим незаконски во 2014 година.

Според меѓународното право, Крим и припаѓа на Украина.

 



Слични вести