Делумна амнестија за каталонските политичари во Шпанија

Премиерот Педро Санчез рече: „Не очекуваме помилуваните да го сменат своето мислење“

1662991
Делумна амнестија за каталонските политичари во Шпанија

Левичарската коалициска влада во Шпанија донесе одлука за делумна амнестија за 9 каталонски политичари кои 1328 дена се во затвор поради нелегалниот референдум и иницијативите за независност одржани на 1 октомври 2017 година во Каталонија.

Премиерот Педро Санчез, во изјавата по едногласното усвојувањето на одлуката за амнестија од Советот на министри рече:

„Не очекуваме помилуваните да го сменат своето мислење. Тие и онака никогаш не биле осудувани за своето мислење“.

Санчез изјави дека амнестијата е „делумна“, дека и покрај укинувањето на затворските казни, казните за забрана за вршење јавни функции ќе останат во сила и дека доколку овие лица извршат сериозни злосторства во наредните 3 до 6 години, амнестијата ќе биде укината.

Санчез рече дека одлуката за амнестија ја донеле затоа што сметаат дека тоа е во интерес на јавноста и дека е потребно да се издвојат расцепкувањето и конфронтацијата и да се отвори нова страница.

Одлуката за амнестија не ги опфаќа Карлес Пуџдемонт, поранешниот шеф на автономната влада на Каталонија и моментално парламентарец во Европскиот парламент и уште шестмина поранешни членови на каталонската влада, кои побегнаа од шпанските судови и заминаа во странство.

Во меѓувреме, одлуката за амнестија на владата од различни причини беше критикувана во политичките кругови.

Главната опозициска десничарска Народна партија (ПП) и екстремно десничарските партии Вокс и Либерални граѓани тврдат дека амнестијата е „удар врз шпанската демократија и законитост“.

Лидерот на Народната партија (ПП) Пабло Касадо рече дека ќе поднесат барање до Врховниот суд за поништување на одлуката за амнестија.

Пере Арагонес, шефот на автономната влада на Каталонија, рече: „Иако одлуката за амнестија е првиот чекор што го признаваме, таа е нецелосна и недоволна. Одлуката не е решение за проблемот“.

Арагонес рече дека барале амнестија којашто ќе ги опфати и другите каталонски политичари кои беа под истрага или кривично гонети за учество во иницијативите за независност во Каталонија, а исто така да се подготви правен терен за референдум за независност од 2023 година, на кој Каталонија ќе има право да одлучува за својата иднина.



Слични вести