На изборите во Ерменија победи партијата на Пашинјан

„Партијата Граѓански договор“ на Пашинјан, кој по оставката привремено ја извршуваше функцијата премиер до изборите, освои 53,92 отсто од гласовите

1661696
На изборите во Ерменија победи партијата на Пашинјан

Според првите неофицијални резултати, партијата на Никол Пашинјан победи на предвремените парламентарни избори во Ерменија.

Централниот изборен комитет на Ерменија ги објави првите неофицијални резултати од гласањето, на кои одѕивот изнесуваше 49,4 отсто.

Според тоа, „Партијата Граѓански договор“ на Пашинјан, кој по оставката привремено ја извршуваше функцијата премиер до изборите, освои 53,92 отсто од гласовите, додека „Алијансата на Ерменија“ предводена од поранешниот претседател Роберт Кочаријан освои 21,1 отсто од гласовите и се најде на второто место.

Според резултатите од изборите, партијата на Пашинјан не можеше да освои 54 отсто со маргина од 0,08 и не можеше да добие шанса за формирање самостојна влада.

Коалицијата „Имам чест“, која освои 5,23 отсто од гласовите и беше поддржана од поранешниот претседател и премиер Серж Саркисјан, стана друга партија што го помина изборниот праг и влезе во парламентот.

Во писменото соопштение на партијата на Кочаријан, Алијанса за Ерменија, во која се вели дека засега нема да бидат признаени резултатите од изборите, беше истакнато:

„Преполните митинзи на опозицијата и активностите на владата со малку луѓе укажуваат на сосема различни чувства. Стотици сигнали од избирачките места кои упатуваат на организирана и планирана измама се главен знак за недостаток на доверба“.

Пашинјан, во изјавата на Фејсбук додека траеше пребројувањето на гласовите, наведувајќи дека ќе започнат преговори со „сите здрави политички сили“ рече:

„Подготвени сме да ги разбереме нивните идеи за интеграција на луѓето и реализација на нивниот социјален потенцијал“.



Слични вести