Израелската полиција повторно ги нападна жителите на Источен Ерусалим

Израелската полиција исто така изврши рација во куќа во населбата Шеик Џерах, чија врата ја скршија и ги нападна жителите на домаќинството

1661731
Израелската полиција повторно ги нападна жителите на Источен Ерусалим

 

Израелската полиција повторно ги нападна жителите на населбата Шеик Џерах во Источен Ерусалим кој се наоѓа под окуапција, под закана дека ќе бидат насилно отстранети од своите домови и Палестинците кои дојдоа да ги поддржат.

Според ијавите на очевидците, израелската полиција со помош на палки го спречи влезот на жителите на населбата на плоштадите во Шеик Џерах, а исто така со употреба на сила ги избркале новинарите и присутните кои дојдоа во знак на поддршка на Палестинците, под закана дека ќе бидат присилно отстранети од нивните домови.

Израелската полиција исто така изврши рација во куќа во населбата Шеик Џерах, чија врата ја скршија и ги нападна жителите на домаќинството.

Нелегитимните израелски доселеници во саботата испукаа солзавец врз жителите на населбата Шеик Џерах, во окупираниот Источен Ерусалим и Палестинците кои дојдоа во знак на солидарност.

Од почетокот на Рамазан на 13 април владее сериозна напнатост поради нападите на израелската полиција врз џамијата Ал Акса и нејзината околина и населбата Шеик Џерах во окупитраниот Источен Ерусалим.



Слични вести