За нов претседател на Иран избран Ибрахим Реиси

Според неофицијални резултати поранешниот претседател на иранското правосудство Ибрахим Реиси ја загарантира победата на вчерашните одржани избори и стана осми претседател на Иран

1661090
За нов претседател на Иран избран Ибрахим Реиси

Според неофицијални резултати, на одржаните претседателски избори вчера во Иран победи конзервативниот кандидат и поранешен претседател на иранското правосудство Ибрахим Реиси кој стана осми претседател на Иран.

Во исчекување на соопштувањето на официјалните резултати од одржаните вчерашни претседателски избори во Иран од страна на Изборниот центар на Министерството за внатрешни работи, според неофицијални резултати поранешниот претседател на иранското правосудство Ибрахим Реиси веќе ја загарантирал победата на изборите.

Другите тројца кандидати во трката за претседател беа реформистичкиот кандидат поранешниот гувернер на Централната банка Абдунасир Химети, поранешниот командант на војската на Револуционерната гарда Мухсин Ризаи и пратеникот Емир Хусејин Кадизаде Хашими, кои му честитаа на Реиси за победата.

Актуелниот претседател на Иран Хасан Рухани, исто така истакна дека е познат претседателот избран од страна на иранскиот народ и рече дека ќе му ја предаде должноста по 45 дена.

На вчерашните претседателски избори во Иран кој брои приближно 83 милиони жители, право на глас имаа 59 милиони 310 илјади 307 гласачи.



Слични вести