Во Германија уште еднаш изнесено мрачното лице на сепаратистичко-терористичката организација ПКК

Во извештајот на Службата за заштита на Уставот за 2020 година составен од 420 страници, се нагласува дека насилството продолжува да претставува стратешки избор на сепаратистичко-терористичката организација ПКК

1659459
Во Германија уште еднаш изнесено мрачното лице на сепаратистичко-терористичката организација ПКК

Во Германија уште еднаш е изнесено мрачното лице на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

Во извештајот на Службата за заштита на Уставот за 2020 година составен од 420 страници, која ѝ е соопштен на јавноста од страна на германскиот министер за внатрешни работи Хорст Зехофер, се нагласува дека насилството продолжува да претставува стратешки избор на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

Во извештајот се истакнува дека сепаратистичко-терористичката организација ПКК продолжува да е најголемата странска екстремистичка група во Германија и се укажува дека оваа терористичка организација е во состојба да може да врши насилство во Германија, доколку тоа го оцени за потребно од свој аспект.

Во извештајот ѝ се одделени 12 страници на сепаратистичко-терористичката организација ПКК кадешто се вели дека оваа крволочна организација располага со 14.500 свои членови во Германија и насилно собира помош во износ од 16,5 милиони евра.

Во извештајот се истакнува дека од 2013 година 290 лица од Германија заминале за Турција, и во северните делови на Ирак и Сирија за да ѝ се приклучат на сепаратистичко-терористичката организација ПКК. Од нив 32'јца загинале, а 150 мина се вратиле назад во Германија.

Се нагласува дека оваа сепаратистичко-терористичка организација им ги пере мозоците на младите во Германија и користејќи ги активно социјалните медиуми е во потрага по собирање на милитанти за организацијата. 

Во разузнавачкиот извештај на Службата за заштита на Уставот на Германија, воедно се додава дека манифестациите коишто се организираат во Германија како т.н. фестивали се одржуваат за ширење на пропагандата на терористичката организација и за сплотување и зближување меѓу нејзините членови, милитанти.

 



Слични вести