Кремљ за средбата во Женева: Путин и Бајден прифатија заедничка декларација за стратешка нуклеарна стабилност

Кремљ по остварената средба помеѓу Путин и Бајден, ја објави заедничката декларација прифатена од страна на двајцата лидери за стратешка нуклеарна стабилност и намалување на ризиците од вооружен судир и заканата од нуклеарна војна

1659458
Кремљ за средбата во Женева: Путин и Бајден прифатија заедничка декларација за стратешка нуклеарна стабилност

Американскиот претседател Џо Бајден и рускиот претседател Владимир Путин вчера одржаа средба во швајцарскиот град Женева.

По самитот помеѓу двајцата лидери, американскиот претседател Џо Бајден истакна дека средбата којашто траеше приближно 4,5 часа, помина во „позитивен тон“, и дека покрај разликите и несогласувањата, Русија и САД можат да работат заедно и да соработуваат во заеднички интерес.

Укажувајќи ја важноста на дијалогот лице в лице, Бајден рече дека ѝ Путин ѝ тој се чувствуваат одговорни за „стабилен и предвидлив" однос.

Тој, напомена дека нема да се воздржи да одговори на одредени акти кои ќе им наштетат на интересите на Соединетите Американски Држави (САД), Бајден рече: „На Путин му реков дека мојата агенда не е против Русија или било која друга земја, туку за американскиот народ.“

Бајден истакна дека на рускиот претседател Путин му ја изнел својата загриженост по прашањето на човековите права и му рекол дека ќе продолжи да го прави тоа.

Американскиот претседател Џо Бајден исто така рече дека со Путин постигнале согласност по прашањето на формирање на механизам за дијалог за стратешка стабилност, за спречување на ширењето на новото и софистицирано оружје.

Рускиот претседател Владимир Путин во дадената изјава по средбата, исто така истакна дека немаше непријателство  и дека разговорот беше прилично конструктивен.

Путин подвлече дека се договориле со Бајден по прашањето на започнување на консултациите во сферата на кибер-безбедноста и подвлече дека тоа е многу значајно.

Путин информира дека би можеле да направат отстапки по прашањето на предавање на затворениците граѓани на САД.

Тој рече: „Со Бајден се договоривме по прашањето на враќање на дипломатите на САД и Русија. Амбасадорите на нашите земји ќе се вратат на своите места.“

„Ќе започнат консултации на ниво на Министерствата за надворешни работи. Ѝ САД, ѝ Русија имаат одговорности по прашањето на нуклеарната стабилност. И двете страни ќе почнат да разговараат по прашањето на проширување на новиот Старт договор.“ - истакна рускиот претседател Владимир Путин по остварената историска средба со американскиот претседател Џо Бајден, денеска во Женева, Швајцарија.

Од друга страна, претседателскиот дворец на Русија Кремљ по остварената средба помеѓу Путин и Бајден, ја објави заедничката декларација за којашто наведе дека е прифатена од страна на двајцата лидери.

Во декларацијата се истакнува дека Русија и САД покажаа дека дури и во периоди на тензичност би можеле да постигнат напредок кон заеднички цели во правец на воспоставување на предвидливоста во стратешката сфера и намалување на ризиците од вооружен судир и заканата од нуклеарна војна.

Во декларацијата се укажува дека пред кусо време е продолжен Новиот Договор за намалување на стратешкото оружје (Новиот СТАРТ) помеѓу САД и Русија и се вели следното: „Продолжувањето на Новиот СТАРТ е доказ за нашата приврзаност кон контролата на нуклеарното оружје. Денеска повторно ја потврдуваме нашата приврзаност во однос на тоа дека ќе нема победник во нуклеарната војна и дека никогаш не смее да биде започнета една таква војна.“

За постигнување на наведените цели, во заедничката декларација се истакнува дека во скоро време ќе започнат обемни консултации помеѓу Русија и САД.

„По прашањето на стратешката стабилност ќе биде започнат цврст, силен и обемен дијалог. Со посредство на овој дијалог сакаме да ги поставиме темелите на мерките за контрола на оружјето и намалување на ризикот во иднина.“ - стои во објавената заедничка декларација за којашто од страна на претседателскиот дворец на Русија Кремљ се наведува дека е постигната согласност помеѓу рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Џо Бајден на оставераната прва историска средба лице в лице, вчера во швајцарскиот град Женева.

 



Слични вести