Багдад Амреев го дочека со задоволство потпишувањето на Декларацијата од Шуша

Генералниот секретар на Турскиот совет Багдад Амреев истакна дека го дочекува со задоволство потпишувањето на Декларацијата од Шуша, завчера во истоимениот град, од страна на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и азербејџанскиот претседател Илхам Алиев

1659462
Багдад Амреев го дочека со задоволство потпишувањето на Декларацијата од Шуша

Генералниот секретар на Турскиот совет Багдад Амреев во објавеното писмено соопштение истакна дека го дочекува со задоволство потпишувањето на Декларацијата од Шуша од страна на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и азербејџанскиот претседател Илхам Алиев, завчера во Шуша во Карабах.

Амреев напомена дека Декларацијата од Шуша содржи голем број значајни членови за зајакнување на постоечката солидарност во турскиот свет.

Тој рече: „Декларацијата од Шуша ќе премине во историјата како документ кој служи за пример со тоа што покажува како обемната соработка меѓу турските држави со евидентна турска свест треба да се пренесе на уште повисоко ниво.“

Привлекувајќи внимание дека обемот на Декларацијата од Шуша покажува силни паралелности со постоечките сфери на соработка под покривот на Турскиот совет, од економијата до транспортот, од дијаспората до културни прашања, Багдад Амреев рече: „Декларацијата, не само на двете земји и двата народи, ќе биде во услуга на интересите на целиот турски свет. Повеќето од прашањата коишто се внесени во декларацијата во моментов се разгледуваат од страна на државите членки и посматрачи на Турскиот совет, а во рамките на мултилатералната платформа на Турскиот совет. Согласно тоа, е во својство на потврдување на конзистентната мултилатерална соработка којашто се води во рамките на Советот.“

Генералниот секретар на Турскиот совет Багдад Амреев воедно појасни дека Декларацијата од Шуша претставува силен повик за регионален мир, стабилност и просперитет, а исто така ги повика регионалните земји со развивање на конкретни проекти во полза на сите страни да формираат нов регион на мир и стабилност во Јужен Кавказ.

 



Слични вести