Во интервенцијата на изарелската полиција повредени пет Палестинци

Новата израелска влада предводена од Нафтали Бенет не се разликува од владата на Бенјамин Нетанјаху

1658852
Во интервенцијата на изарелската полиција повредени пет Палестинци

Пред акцијата „Марш на знамето“ организирана од екстремнодесничарските Евреи на портата Дамаск на Стариот град на окупираниот Источен Ерусалим, во интервенцијата на израелската полиција врз Палестинците беа повредени 5 лица.

Израелската полиција ја блокираше портата Дамаск и неговата околина со барикади пред провокативниот Марш на знамето на екстремнодесничарските Израелци.

Израелската полиција, која насилно ги отстрани Палестинците од подрачјето, ги спречи оние кои сакаа да одат на портата Дамаск.

Израелската полиција интервенираше врз Палестинците собрани околу барикадите поставени околу Стариот град.

Во писменото соопштение обајвено од палестинската Црвена полумесечина беше наведено дека израелската полиција интервенирала врз Палестинците со звучни бомби и гумени куршуми, а 5 лица биле повредени.

Од друга страна, пратениците на блокот на Заедничката арапска листа основана од израелски државјани Палестинци заминаа во портата Дамаск.

Говорејќи во име на блокот, лидерот на блокот на Заедничката арапска листа, Ејмен Авде, рече дека Израел насилно го јудализирал Источен Ерусалим.

Авде истакна дека новата израелска влада предводена од Нафтали Бенет не се разликува од владата на Бенјамин Нетанјаху.

Реагирајќи на Маршот на знамето на екстремодесничарските Евреи, Авде рече дека болкот ќе продолжи да стои покрај Палестинците се додека не се воспостави независна палестинска држава со главен град Источен Ерусалим.



Слични вести