Путин по средбата со Бајден: Немаше непријателство и разговорот беше прилично конструктивен

„Немаше непријателство за време на средбата и разговорот беше прилично конструктивен“, изјави рускиот претседател Владимир Путин по остварената средба со американскиот претседател Џо Бајден, денеска во Женева, Швајцарија

1659440
Путин по средбата со Бајден: Немаше непријателство и разговорот беше прилично конструктивен

Заврши самитот помеѓу американскиот претседател Џо Бајден и рускиот претседател Владимир Путин, што се одржа денеска во Женева, Швајцарија.

Рускиот претседател Владимир Путин во дадената изјава по средбата истакна дека немаше непријателство  и дека разговорот беше прилично конструктивен.

Путин информира дека се договориле со Бајден по прашањето на започнување на консултациите во сферата на кибер-безбедноста и подвлече дека тоа е многу значајно.

Путин соопшти дека би можеле да направат отстапки по прашањето на предавање на затворениците граѓани на САД.

Тој рече: „Со Бајден се договоривме по прашањето на враќањето на дипломатите на САД и Русија. Амбасадорите ќе се вратат на своите должности.“

„Ќе започнат консултации на ниво на Министерствата за надворешни работи. Ѝ САД, ѝ Русија имаат одговорности по прашањето на нуклеарната стабилност. И двете страни ќе почнат да разговараат по прашањето на проширување на новиот Старт договор.“ - истакна рускиот претседател Владимир Путин по остварената историска средба со американскиот претседател Џо Бајден, денеска во Женева, Швајцарија.



Слични вести