Мигрантите спасени со турски брод префрлени во Малта

За мигрантите спасени со бродот „М/В Угур Дадајли“ беше остварена интензивна дипломатија меѓу Турција и Малта

1658804
Мигрантите спасени со турски брод префрлени во Малта

 

Малта ги отвори вратите за приближно 100 нерегуларни мигранти спасени од страна на турскиот трговски брод во Медитеранот, кој пловеше под знамето на Маршалските острови.

Според информациите добиени од дипломатски извори, трговскиот брод „М/В Угур Дадајли“ под команда на турскиот екипаж кој пловеше под на Маршалските острови, им помагал на нерегуларните мигранти чии чамци на 12 јуни биле на прагот на потонување.

Додека бродот крстареше од Сафакес во Тунис кон пристаништето Суса во истата земја, со насочување на властите на Малта, спаси околу 100 мигранти на бродот во зоната за пребарување и спасување на Малта на Медитеранот.

За мигрантите спасени со бродот „М/В Угур Дадајли“ беше остварена интензивна дипломатија меѓу Турција и Малта. Со дозволата којашто веше добиена брзо како резултат на преговорите меѓу министерствата за надворешни работи и амбасадите на земјите, нерегуларните мигранти на турскиот брод беа однесени на Малта.

Мигрантите од турскиот трговски брод во вечерните часови на истиот ден беа евакуирани на Малта.



Слични вести