Јаир Лапид: „Расистичките пароли, срам на израелскиот народ“

Несфатливо е некој да го држи израелското знаме и од друга страна да извикува „Смрт за Арапите

1658883
Јаир Лапид: „Расистичките пароли, срам на израелскиот народ“

Израелските сили отворија оган врз Палестинците од Газа кои протестираа против „Маршот на знамето“ организиран од екстремнодесничарските Евреи пред портата Дамаск во Источен Ерусалим.

Палестинските младинци на источната граница на појасот Газа кој се наоѓа под блокада, кои протестираа против „Маршот на знамето“ на екстремнодесничарските Евреи, запалија гуми во близината на оградите на границата меѓу Газа и Израел.

Израелските сили врз палестинските млади интервенираа со истрелување вистински куршуми и солзавец.

Во меѓувреме, израелскиот министер за надворешни работи Јаир Лапид, оние коишто извикуваа расистички пароли за време на „Маршот на знамето“ ги опиша како „срам на израелскиот народ“.

Лапид во објавата на својот Твитер профил го сподели коментарот:

„Несфатливо е некој да го држи израелското знаме и од друга страна да извикува „Смрт за Арапите“. Тие се срам на израелскиот народ“.

Во една друга објава, Лапид му се заблагодари на израелскиот министер за внатрешна безбедност, Омер Бар Лев, којшто добро го водеше маршот. „Постоењето на некои радикали во чии раце израелското знаме предизвикува омраза и расизам е непростливо“.

Околу 5.000 фанатични Евреи собрани пред портата Дамаск под заштита на израелската полиција, подолго време одржаа демонстрации со израелски знамиња во рацете. Евреите, кои исто така се задеваа со новинарите и со некои палестински младинци наоколу, извикуваа „Смрт за Арапите“.



Слични вести