Историска средба помеѓу Бајден и Путин во Женева, Швајцарија

Оваа средба на врвот е втор самит помеѓу САД и Русија којшто се одржува во Женева по 1985 година

1659414
Историска средба помеѓу Бајден и Путин во Женева, Швајцарија

Во Женева, Швајцарија започна средбата помеѓу американскиот претседател Џо Бајден и рускиот претседател Владимир Путин.

Путин пред средбата даде куса изјава во која му се заблагодари на Бајден за преземената иницијатива од негова страна лично за остварување на оваа средба.

„Имавте долг пат, работевте напорно. Меѓутоа, во руско-американските односи се натрупани голем број проблеми коишто треба да бидат разгледани на највисоко ниво. Се надевам дека оваа наша средба ќе помине конструктивно.“ - рече Путин. 

Оваа средба на врвот е втор самит помеѓу претседателите на САД и Русија којшто се одржува во Женева по 1985 година.

Денешниот самит помеѓу САД и Русија се одржува по изминати цели 36 години по историскиот самит одржан во 1985 година исто така во Женева, помеѓу тогашниот американски претседател Роналд Рејган и тогашниот претседател на СССР Михаил Горбачов.

Не е соопштена официјалната програма во врска со самитот, додека е соопштено дека средбата помеѓу двајцата лидери ќе трае приближно 4 часа.

По средбата двајцата лидери, Бајден и Путин ќе одржат одделни прес-конференции.

Рускиот претседател Владимир Путин се очекува да одржи прес-конференција во 18:45 часот по турско време, додека американскиот претседател Џо Бајден се очекува да се појави пред камерите околу 20:00 по турско време.

 



Слични вести