Бомбашки напад врз воен баталјон во Колумбија

Претседателот Иван Дуке го осуди инцидентот

1658839
Бомбашки напад врз воен баталјон во Колумбија

 

Во административната област Северен Сантандер во Колумбија, 36 војници се повредени во нападот извршен со 2 возила натоварени со бомби врз воениот баталјон.

Според информациите објавени во колумбиските медиуми, 36 војници биле повредени како резултат на експлозија на 2 возила натоварени со бомби во областа каде што се наоѓале војниците на 30-та бригада на Националната армија, во градот Кукута.

Претседателот Иван Дуке го осуди инцидентот и изјави дека му ги дал потребните упатства на министерот за одбрана Диего Молано за навремено истражување на нападот.

Од друга страна, Молано сподели во објавата на својот профил на Твитер истакна:

„Поради експлозиите во 30-та бригада, заедно со командантот на армијата ние веднаш заминуваме во регионот за да ја потврдиме ситуацијата“.

Властите известија дека е приведено едно лице за кое се верува дека е поврзано со експлозијата.



Слични вести