Заврши Самитот на НАТО во Брисел

Во објавената завршна декларација на крајот на Самитот се истакнува следното: „Ги зголемивме нашите придонеси кон безбедносните мерки за Турција. Продолжува нашата посветеност за нивно целосно применување.“

1657945
Заврши Самитот на НАТО во Брисел
NATO 3.jpg
NATO 1.jpg
nato zirvesi
stoltenberg 14.06.21

Заврши Самитот на НАТО во главниот град на Белгија, Брисел на кој учествуваа шефови на држави и премиери на 30 земји членки на Сојузот.

Во објавената завршна декларација на крајот на Самитот се истакнува следното: „Ги зголемивме нашите придонеси кон безбедносните мерки за Турција. Продолжува нашата посветеност за нивно целосно применување. Продолжуваме да бидеме будни (во готовс) против ракетните истрели со коишто би можела да биде погодена или да и се закануваат на Турција. Повторуваме дека го цениме тоа што нашиот сојузник Турција згрижува милиони Сиријци.“ 

Од друга страна, генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во дадената изјава по самитот го рече следното: „Денеска, отворивме нова страница во нашето сојузништво. Се осврнавме на прашања од критично значење за нашата безбедност и донесовме одлуки од широк обем. Лидерите на НАТО ја потврдија својата постветеност да стојат покрај Авганистан, со обучување на авганистанските сили и институции и со обезбедување финансиска поддршка на оваа земја. Не сакаме затегнатост или пограшно разбирање со Русија; меѓутоа, ќе фрлиме чекори за зголемување на нашиот капацитет на одбрана и одвраќање.“

Столтенберг истакна дека немаат намера да распоредат континентални нуклеарни ракети во Европа, но дека НАТО ќе одговори на растечкото вооружување на Русија.

Тој рече: „Кина брзо оди кон нуклеарно наоружување. Ја зголемува својата воена соработка со Русија вклучувајќи ги и заедничките воени вежби. Сојузниците постигнаа согласност по прашањето на заедничко работење против Кина, со земји како што се Австралија и Јапонија.“

Велејќи „Ќе ги продолжиме нашите активности за обука со нашите партнери Украина и Грузија“, генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг го додаде следното: „НАТО е покрај Украина, ќе ја продолжиме нашата поддршка. НАТО е во солидарност со Украина. Секоја земја самата си го зацртува својот пат, Русија не може да каже ништо по прашањето на членството на Украина во НАТО.“

 



Слични вести