Заврши периодот на Нетанјаху во Израел

Претседателот на Соединетите Американски Држави (САД) Џо Бајден по телефон му честита на новиот премиер на Израел, Бенет за новата позиција

1657273
Заврши периодот на Нетанјаху во Израел

Со коалициската влада формирана под раководство на опозициските партии „Има иднина и Јамина, заврши 12-годишниот мандат на премиерот Бенјамин Нетанјаху.

На гласањето за доверба на коалициската влада, 60 пратеници од изарелскиот парламент кој брои 120 пратенички места гласаа за и на тој начин се формираше новата влада.

Со гласањето за доверба на коалицијата Нафтали Бенет-Јаир Лапид, заврши мандатот на Нетанјаху кој од март 2009 беше премиер на Израел.

По гласањето, Нетанјаху го напушти местото резервирано за владата и седна во делот резервиран за опозицијата.

Вендаш потоа, Нафтали Бенет, новиот премиер на Израел и министрите на коалициската влада, еден по еден излегоа на говорницата и положија заклетва.

Лидерот на партијата Јамина, Бенет, две години ќе седи на премерската функција која беше испразнета од Нетанјаху. По две години, Бенет во август 2023 година, местото ќе му го предаде на неговиот коалициски партнер Лапид, лидерот на партијата Има иднина (Јеш атид).

Коалицијата Бенет-Лапид се состои од 8 партии со различни ставови, обединети во спротивност со Нетанјаху.

Бидејќи бројот на местата е на критичен праг и партиите имаат сосема различни ставови во однос на некои прашања, се дискутира дали коалицијата во Израел ќе трае долго.

Во меѓувреме, претседателот на Соединетите Американски Држави (САД) Џо Бајден по телефон му честита на новиот премиер на Израел, Бенет за новата позиција.

Според соопштението од Белата куќа, Бајден на разговорот ја повторил својата „непоколеблива“ поддршка на односите меѓу САД и Израел и на безбедноста на Израел.

Бајден на Бенет му ја пренесе неговата решеност да ја продлабочи соработката меѓу САД и Израел пред многуте предизвици и можности со кои се соочува регионот.

Бајден исто така ја пренесе пораката дека САД тесно ќе соработуваат со израелската влада за мир, безбедност и благосостојба на Израелците и Палестинците.



Слични вести