Започна Самитот на НАТО во Брисел

На самитот на кој Турција ја претставува претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, а Северна Македонија премиерот Зоран Заев, учествуваат лидери на 30 сојузнички земји

1657679
Започна Самитот на НАТО во Брисел
NATO 1.jpg
NATO 3.jpg
NATO 2.jpg
NATO 11.jpg
NATO 14.jpg

Во главниот град на Белгија, Брисел започна Самитот на НАТО на кој учествуваат шефовите на држави и премиерите на земјите членки на Сојузот.

На самитот на кој Турција ја претставува претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, а Северна Македонија премиерот Зоран Заев, учествуваат лидери на 30 сојузнички земји.

На дневниот ред на Самитот се наоѓаат прашања како што се утврдувањето на 10 годишната патна карта на Сојузот, ажурирањето на стратешкиот концепт на НАТО, подемот на Кина, состојбата на односите со Русија коишто назадуваат во последните години и Украина, кибер нападите, борбата против тероризмот, разурнувачките технологии, влијанијата на климатските промени на безбедноста и состојбата по одлуката за ставање крај на мисијата на НАТО во Авганистан. 

На Самитот на НАТО на кој американскиот претседател Џо Бајден учествува за прв пат по изборот за претседател на САД, ќе бидат разгледани и трансатлантските односи.

На крајот на Самитот, генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг ќе одржи прес-конференција на која ќе информира за содржината на разговорите.

Освен тоа, на крајот на Самитот се очекува да биде објавена и завршна декларација.

Шефовите на држави и претседателите на влади на земјите членки на НАТО во рамките на маргините на Самитот во Брисел од синоќа остваруваат низа билатерални средби и разговори.

Билатералните средби и разговори на лидерите во Штабот на НАТО се предвидува да продолжат и по Самитот на Сојузот.

 



Слични вести