Претседателот Ердоган ѝ посака успех на женската одбојкарска репрезентација во Лигата на нациите FIVB

Претседателот Ердоган на својот профил на Твитер напиша: „На нашата женска одбојкарска репрезентација која напредува со сигурни чекори во Лигата на нациите FIVB која се одржува во Италија, ѝ посакувам успех на наредните натпревари“

1657421
Претседателот Ердоган ѝ посака успех на женската одбојкарска репрезентација во Лигата на нациите FIVB

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во споделената објава на својот профил на социјалната мрежа Твитер ѝ посака успех на турската женска одбојкарска репрезентација која се натпреварува во Лигата на нациите FIVB.

Претседателот Ердоган во објавата го напиша следното: „На нашата женска одбојкарска репрезентација која напредува со сигурни чекори во Лигата на нациите FIVB која се одржува во Италија, ѝ посакувам успех на наредните натпревари. Султанки на мрежата, од сѐ срце стоиме покрај вас.“

Турската женска одбојкарска репрезентација 12. натпревар во Лигата на нациите FIVB вечерва ќе го одигра против Соединетите Американски Држави (САД).

Натпреварот ќе започне во 22:00 часот по турско време.



Слични вести