Јенс Столтенберг: Денеска отвораме ново поглавје во нашите трансатлантски односи

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, велејќи „Денеска отвораме ново поглавје во нашите трансатлантски односи“, појасни дека лидерите на Самитот на НАТО ќе разгледат бројни прашања и дека меѓу нив се наоѓаат и Русија и Кина

1657571
Јенс Столтенберг: Денеска отвораме ново поглавје во нашите трансатлантски односи

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг даде изјава пред Штабот на НАТО во главниот град на Белгија, Брисел кадешто допатува за Самитот на Алијансата.

Столтенберг истакна дека некои НАТО сојузници како што се Турција и Соединетите Американски Држави (САД) се во директен дијалог за да би биле одржливи критичните инфраструктури како што е аеродтомот во Авганистан.

Велејќи „Денеска отвораме ново поглавје во нашите трансатлантски односи“, Столтенберг појасни дека лидерите на Самитот на НАТО ќе разгледат бројни прашања и дека меѓу нив се наоѓаат и Русија и Кина.

„Нашите односи со Русија се на најниско ниво од периодот на Студената војна наваму. Причината за тоа се агресивните акции на Русија. Верувам дека лидерите ќе го потврдат нашиот билатерален приод кон Русија од видот на тоа 'силна одбрана обединета со дијалог'.“ - рече Тој.

Јенс Столтенберг, потенцирајќи дека треба да се работи со Кина по прашањето на климатските промени и контролата на оружјето, го рече следното: „Меѓутоа, зајакнувањето на Кина, нејзиното растечко влијание и принудувачките начини на однесување, презентираат одредени предизвици од аспект на нашата безбедност. Кон сите нив треба да се занимаваме заедно.“

На едно поставено прашање во врска со одлуката на НАТО за ставање крај на својата мисија во Авганистан, Столтенберг истакна дека ќе продолжат да го поддржуваат Авганистан и да им доставуваат финансиска помош на авганистанските безбедносни сили.

Велејќи дека работат по прашањето на тоа како ќе бидат одржливи критичните инфраструктури вклучувајќи ги и аеродромите, Столтенберг го рече следното: „И некои НАТО земји како што се САД и Турција се во директен дијалог по прашањето на тоа како ќе можеме да го направиме одржлив меѓународниот аеродром во Кабул. Тоа е значајно ѝ за НАТО сојузниците ѝ за целата меѓународна заедница, од аспект на дипломатското присуство и продолжувањето на помошта.“

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг и во говорот што го одржа на отворањето на Бриселскиот форум на маргините на Самитот на НАТО истакна дека најголемата порака којашто би можела да се даде на Самитот е „Сѐ додека Сојузот се адаптирса кон промените ќе остане како најуспешно партнерство во историјата.“

 



Слични вести