Бајден со порака до Европа од Самитот на НАТО во Брисел: САД сѐ покрај вас

Американскиот претседател Џо Бајден пред да започне Самитот на НАТО даде порака до Европа и го рече следното: „САД сѐ покрај вас“

1657660
Бајден со порака до Европа од Самитот на НАТО во Брисел: САД сѐ покрај вас

Американскиот претседател Џо Бајден во Штабот на НАТО во Брисел се состана со генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг по што даде и куса изјава за печатот.

Бајден пред да започне Самитот на НАТО даде порака до Европа и го рече следното: „САД сѐ покрај вас.“

Велејќи дека во последните години пред НАТО се наоѓаат нови предизвици како што се Русија и Кина, Бајден рече: „САД му даваат силно значење на НАТО. НАТО е од критично значење од аспект на интересите на САД.“

Џо Бајден нагласи дека членот 5 на Северноатлантскиот сојуз претставува „света обврска“ и потсети дека САД за време на Втората светска војна стапија во акција за Европа.

Тој рече: „Цела Европа би сакал да го знае следното. САД сѐ покрај вас.“

Американскиот претседател Џо Бајден додаде декасе приклучува кон зборовите на генералниот секретар Јенс Столтенберг по прашањето на зголемување на одбранбените трошоци на НАТО.

biden'dan avrupa'ya 'yanınızdayız' mesajı



Слични вести