Бајден: Нашето НАТО сојузништво е посилно од било кога досега

Американскиот претседател Џо Бајден во споделената објава на својот профил на Твитер во врска со Лидерскиот самит на НАТО во Брисел, го напиша следното: „Нашето НАТО сојузништво е посилно од било кога досега“

1657959
Бајден: Нашето НАТО сојузништво е посилно од било кога досега

Американскиот претседател Џо Бајден во споделената објава на својот профил на социјалната мрежа Твитер, во врска со Лидерскиот самит на НАТО на кој учествуваше во главниот град на Белгија, Брисел нагласи дека беа разгледани „агресивноста на Русија“ и „стратешките проблеми коишто ги предизвикува Кина“.

Бајден во објавата го напиша следното: „Нашето НАТО сојузништво е посилно од било кога досега.“

„Денеска сум заедно со нашите 29 сојузници за разгледување на нашата заедничка одбрана, вклучувајќи ги агресивноста на Русија, стратешките проблеми коишто ги предизвикува Кина, злонамерните кибер напади, тероризмот и климатските промени.“ - констатира американскиот претседател Џо Бајден.

 



Слични вести