Меркел: „Вакцината е единствен излез од епидемијата Ковид-19“

Детално разговаравме дека треба да обезбедиме сите да имаат пристап до вакцините

1657023
Меркел: „Вакцината е единствен излез од епидемијата Ковид-19“

 

Германската канцеларка Ангела Меркел рече дека единствен излез од новиот вид епидемија на коронавирус (Ковид-19) се вакцините.

Меркел на последниот ден од Самитот Г7, што се одржа во заливот Карбис во Корнвол, Велика Британија, одржа прес-конференција.

Наведувајќи дека на состанокот се согласиле дека епидемијата може да се надмине само со глобалната борба, германската канцеларка рече дека разговарале за набавката на вакцината Ковид-19 на земјите во развој.

Меркел рече:

„Единствениот излез од епидемијата се вакцините. Ние детално разговаравме дека треба да обезбедиме сите да имаат пристап до вакцините“.

Посочувајќи дека желбата на земјите од Г7 до крајот на 2022 година да дистрибуираат вкупно 2,3 милијарди дози вакцини на земјите во развој е сигнал, Меркел истакна дека Германија во голема мерка ќе да придонес на тоа поле.

Посочувајќи дека е важно да се поддржи глобалното производство на вакцини, Меркел рече:

„Ние сакаме вакцината да се произведува не само во Европа или Азија, туку и во Африка. Компанијата BioNTech работи на тоа пое. Исто така и другите компании работат на тоа“.

Германската канцеларка истакна дека Светската здравствена организација (СЗО) треба дополнително да се зајакне за да се спречат идни епидемии.



Слични вести