Африканскиот парламент го повика ЕП да не интервенира во кризата со мигрантите меѓу Мароко и Шпанија

Проблемите меѓу двете земји се во рамките на билатералните односи меѓу Мароко и Шпанија

1655867
Африканскиот парламент го повика ЕП да не интервенира во кризата со мигрантите меѓу Мароко и Шпанија

 

Африканскиот парламент го повика Европскиот парламент (ЕП) да не интервенира во кризата во врска со мигрантите меѓу Мароко и Шпанија.

Во соопштението од Африканскиот парламент беше оценета одлуката на ЕП, со која се отфрла употребата на малолетни лица од Мароко во миграциската криза кон градот Сеута, кој се наоѓа под управа на Шпанија.

Во соопштението беше наведено дека треба да се почитуваат некои основни правила во врска со Мароканско-шпанската криза.

„Проблемите меѓу двете земји се во рамките на билатералните односи меѓу Мароко и Шпанија. Кризата меѓу Мароко и Шпанија може да се реши преку дипломатски патишта или преку директни билатерални преговори“.

Во соопштението беше истакнато дека не треба да се зазема било каков став што евентуално може да ја зголеми напнатоста.

На вчерашното гласање на Европскиот парламенет на оваа тема, предлог-законот беше прифатен со 397 гласа „за“ наспроти 85 гласа „против“.

Арапскиот парламент вчера, исто така, го повика Европскиот парламент да не интервенира во кризата меѓу двете земји.

Односите меѓу Шпанија и Мароко се претворија во дипломатска криза кога левата коалициска влада во Шпанија, на 22 април тајно го однесе сепаратистичкиот генерален секретар на Фронтот Полисарио, Ибрахим Гали, да се лекува од новиот вид коронавирус (Ковид-19), и го однесоа во болницата во градот Логроно.

Дипломатската криза меѓу двете земји дополнително се продлабочи со заминувањето на Гали во Шпанија како и подоцнежниот прилив на нередовни мигранти од Мароко во Шпанија.



Слични вести