Вооружен напад врз воена база во САД

Во нападот на базата Сан Антонио-Лакланд во Тексас, нема агинати или повредени,

1655125
Вооружен напад врз воена база во САД

 

Во американската сојузна држава Тексас беше извршен вооружен напад врз една воена база. Продолжуваат активностите и напорите за апсење на двајцата напаѓачи кои избегаа.

Во соопштението кое беше објавено по нападот беше истакнато дека во нападот на базата Сан Антонио-Лакланд, нема загинати или повредени, а покрената е истрага во врска со инцидентот.

Потполковникот Брајан С. Ловлес, од најголемата база на Министерството за одбрана на САД, стационирана во Лакланд,  рече дека две неидентификувани лица пукале на влезот од базата и продолжува истрагата за откривање на напаѓачите кои избегаа.

Воената зона, чии влезови по нападот беа затворени поради инцидентот, по одреден период повторно беа отворени.



Слични вести