Соопшението на САД во врска со претстојната средба меѓу Ердоган и Бајден

Постојат области каде што веруваме дека е важно да работиме заедно и конструктивн

1655081
Соопшението на САД во врска со претстојната средба меѓу Ердоган и Бајден

Како што се приближува средбата на претседателот Реџеп Тајип Ердоган и претседателот на Соединетите Американски Држави (САД) Џо Бајден, продолжува објавувањето на нови изјави од двете страни. „Постојат области каде што можеме да соработуваме заедно, но имаме и разлики во мислењето“, изјави портпаролката на Белата куќа Џен Псаки.

Џен Псаки одговараше на прашањата на новинарите во авионот, додека Бајден од Вашингтон патуваше за Велика Британија.

Одговарајќи на прашањето за очекувањата на САД од средбата Ердоган-Бајден, Псаки рече:

„Постојат области каде што веруваме дека е важно да работиме заедно и конструктивно, но исто така, имаме силни разлики во мислењето“.

Истакнувајќи дека Џо Бајден во својата прва надворешна посета, даде приоритет на средбата со претседателот Ердоган, Псаки истакна дека средбата на 14 јуни (во рамките на Самитот на НАТО во Брисел, главниот град на Белгија) ќе биде можност за дипломатија лице в лице.

На прашањето на новинарите: „Можеме ли да добиеме и специјални наслови како Сирија?“ Псаки рече:

„Несомнено дека двајцата лидери ќе разговараат за регионалните безбедносни прашања, прашањата што влијаат врз глобалната заедница, вклучувајќи го и новиот тип на коронавирус (Ковид-19) и економијата.  Како се приближува билатералната средба, ќе споделиме повеќе детали“.



Слични вести