Трудо: Нападот со возило во кој загинаа четворица муслимани од исто семејство е „терористички акт“

Канадскиот премиер Џастин Трудо истакна дека бил згрозен откако ја слушнал веста за нападот во кој со возило беа прегазени 4 лица муслимани од исто семејство и истиот го окарактеризира како „терористички напад“

1654274
Трудо: Нападот со возило во кој загинаа четворица муслимани од исто семејство е „терористички акт“

Растат реакциите во врска со убиството на четиричленото муслиманско семејство кое беше прегазено со возило во градот Лондон во покраината Онтарио, во Канада.

Водечките политичари во Канада на чело со премиерот Џастин Трудо, дадоа изјави со кои го осудија случајот.

Канадскиот премиер Џастин Трудо на своите профили на социјалните мрежи истакна дека бил згрозен откако ја слушнал веста за нападот во кој со возило беа прегазени 4 лица муслимани од исто семејство и истиот го окарактеризира како „терористички напад“.

„Ние сме тука за најблиските на оние што се тероризирани од овој чин на омраза. Ние сме тука и за повреденото дете кое е хоспитализирано. Нашите срца се со вас и ќе бидете во нашите мисли. Муслимани во Лондон и муслимани низ целата земја, сакам да знаете дека сме со вас. Исламофобијата нема место во нашето општество. Оваа омраза е подмолна, презирна и мора да престане.“ - истакна Трудо.

Канадскиот премиер Џастин Трудо исто така во одржаниот говор во Долниот дом на Парламентот во врска со нападот го рече следното: „Ова убиство не беше случајно. Ова беше терористички напад мотивиран со омраза во срцето на еден од нашите граѓани.“

Велејќи дека семејството кое во недела вечер излезе на вечерна прошетка не можеше да се врати назад во својот дом, Трудо рече: „Нивните животи беа одземени со брутално, кукавичко и арогантно насилство.“

Канадскиот премиер Џастин Трудо воедно информира дека ќе замине за градот Лондон во покраината Онтарио кадешто се случи нападот и ќе учествува на комеморативната церемонија за жртвите во овој напад.

Инаку, 20-годишен возач на 6 јуни со своето возило ги прегази пешаците на тротоарот во градот Лондон во покрианата Онтарио во Канада и притоа усмрти 4 лица од исто семејство меѓу кои и едно 15-годишно девојче, а беше тешко повредено и едно 9-годишно момче.

Дваесет годишниот терорист Натаниал Велтман е фатен и приведен на Авенијата „Черихил“, на околу 6 километри од местото на нападот.

Канадската поолиција во Лондон соопшти дека се верува оти нападот е извршен поради тоа што прегазеното семејство е од муслиманска вероисповед.

Извршителот на терористичкиот напад 20-годишниот Натаниал Велтман вчера беше изнесен пред суд и против него беше покренато обвинение за извршени четири убиства и еден обид за убиство.

 



Слични вести