Јенс Столтенберг изрази задоволство од потврдената доживотна затворска казна на Младиќ

Јенс Столтенберг го рече следното: „Правилно е тоа што Младиќ е прогласен за виновен за извршени безмилосни злосторства врз цивилите вклучувајќи го и убиството на илјадници мажи и млади Бошњаци во Сребреница во 1995 година“

1654282
Јенс Столтенберг изрази задоволство од потврдената доживотна затворска казна на Младиќ

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, во дадената изјава по потврдената доживотна затворска казна на поранешниот воен командант на боснанските Срби Ратко Младиќ познат по прекарот „Касапот од Босна“ од страна на Меѓународниот резидуален механизам за кривични судови  (МРМКС) во Хаг, Холандија, истакна дека со задоволство ја дочека оваа одлука.

Столтенберг го рече следното: „Правилно е тоа што Младиќ е прогласен за виновен за извршени безмилосни злосторства врз цивилите вклучувајќи го и убиството на илјадници мажи и млади Бошњаци во Сребреница во 1995 година.“

Велејќи дека НАТО одигра улога во окончувањето на двете етнички војни на Балканот во 1990-тите години и во затворањето на еден мрачен и срамен период во историјата на Европа, генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг,  го рече следното: „Регионот продолжува да има стратешко значење за нашиот сојуз. Поддржувајќи ги мирот и компромисот ќе продолжиме да придонесуваме за стабилноста и безбедноста на Западен Балкан.“



Слични вести