Во железничката несреќа во Пакистан загинаа 62 лица

Во несереќата беа повредени повеќе од 100 лица

1653655
Во железничката несреќа во Пакистан загинаа 62 лица

 

Бројот на загинатите во железничката несреќа што се случи вчера во пакистанската провинција Синд се искачи на 62.

Според информациите на локалните медиуми, со откривање на посмртните остатоци на уште 11 лица во рамките на активностите за пребарување и спасување, вкупниот број на жртвите кои загинаа во железничката несреќа се искачи на 62.

Во несереќата беа повредени повеќе од 100 лица. Здравствената состојба на некои од повредените останува сериозна.

Од друга страна, министерот за железници Мохамед Азам Кан Свати, кој оствари посета на областа на несреќата, изјави дека ќе се изврши сеопфатна истрага и одговорните ќе бидат казнети.

Вчераутро, во регионот Готки во провинцијата Синд,  вагонот од патничкиот воз што се движеше излегол од местото и удрил во друг патнички воз што доаѓал од спротивната насока.



Слични вести