Ентони Блинкен одговараше на прашањата за приоритетите во надворешната политика на САД

Блинкен изјави дека тие ќе ја сметаат Кина за одговорна откако ќе ги искористат сите аргументи што ги имаат во врска со изворот на епидемијата и извештаите на американските институции

1653639
Ентони Блинкен одговараше на прашањата за приоритетите во надворешната политика на САД

Државниот секретар на Соединетите Американски Држави (САД) Ентони Блинкен рече дека тие ќе продолжат со настојчивоста за добивање на потребните одговори за изворот на новиот вид коронавирус (Ковид-19) од Кина.

Министерот Блинкен одговораше на прашањата за надворешно-политичките приоритети на САД на седницата одржана во Комитетот за надворешни односи на Претставничкиот дом, каде се разгледуваше буџетот на Министерството за 2022 година

На сесијата, на која се појавија прашања во врска со ситуацијата на САД во конфронтацијата со Кина и особено изворот на Ковид-19, Блинкен се обиде да ги убеди пратениците дека ги презеле потребните чекори.

Блинкен изјави дека тие ќе ја сметаат Кина за одговорна откако ќе ги искористат сите аргументи што ги имаат во врска со изворот на епидемијата и извештаите на американските институции.

Од друга страна, Блинкен изјави дека тесно соработуваат со сите страни за продолжување на примирјето и одржување на смиреноста во регионот по израелско-палестинската криза.

Демократскиот конгресмен Илхан Омар потсети дека САД не признаваат некои овластувања на Меѓународниот кривичен суд (МКС) во врска со Израел и Авганистан и рече: „Па, каде ќе одат луѓето да ги бараат своите права?“ Ова прашање му предизвика тешки  моменти на Блинкен.

Додека Блинкен тврдеше дека правниот систем во САД и Израел е способен да одговори на тврдењата на жртвите и дека жртвите во Авганистан исто така имаат некои можности, тој се соочи со тешкотии при одговорот на прашањето на Омар „Кој правен механизам го поддржува САД за овие жртви? “



Слични вести