Русија се повлече од Договорот за отворено небо

Ваквиот чекор на Русија уследи по Соединетите Американски Држави (САД) кои го напуштија Договорот за отворено небо минатата година

1653134
Русија се повлече од Договорот за отворено небо

Претседателот на Русија Владимир Путин денеска го потпиша законот за повлекување на неговата земја од Договорот за отворено небо.

На тој начин се официјализира повлекувањето на Русија од овој меѓународен договор со кој им се дозволува на земјите потписнички да собираат меѓусебни информации за воените сили со цел зголемување на транспарентноста.

Ваквиот чекор на Русија уследи по Соединетите Американски Држави (САД) кои го напуштија Договорот за отворено небо минатата година.

Согласно Државниот информативен систем за закони на Русија, официјална Москва се повлече од Договорот за отворено небо потпишан на 24 март 1992 година во главниот град на Финска, Хелсинки.

Законот за којшто станува збор беше потпишан од страна на рускиот претседател Владимир Путин.

Претходно, Соединетите Американски Држави (САД) на 22 ноември 2020 година соопштија дека се повлекуваат од Договорот за отворено небо со којшто се регулира контролата на оружјето со Русија.

Потоа, Русија на 15 јануари 2021 година соопшти дека е донесена одлука за започнување на процесот во врска со повлекувањето од Договорот за отворено небо. 

Инаку, Русија и Соединетите Американски Држави (САД) се наоѓаа меѓу 34 земји кои ставија својот потпис на Договорот за отворено небо со којшто се дозволуваат невооружени извидувачки летови,а со цел поттикнување на транспарентноста во воените активности и олеснување на набљудувањето на контролата на оружјето и другите договори.

Меѓу земјите потписнички на Договорот за отворено небо којшто предвидува мерки за зголемување на довербата и безбедноста на просторите на Организацијата за безбендост и соработка на Европа (ОБСЕ) и е потпишан на 24 март 1992 година во главниот град на Финска, Хелсинки, се наоѓа и Турција.

 



Слични вести