Израелскиот премиер Нетанјаху за да се спаси себе си ја зголемува агресијата врз Ерусалим (Кудс)

Палестинското Министерство за надворешни работи привлече внимание на присутната затегнатост во окупираниот Источен Ерусалим (Кудс) и нагласи дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за да се спаси себе си ја зголемува агресијата врз Ерусалим (Кудс)

1652877
Израелскиот премиер Нетанјаху за да се спаси себе си ја зголемува агресијата врз Ерусалим (Кудс)

Палестинското Министерство за надворешни работи предупреди дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го претвори Ерусалим (Кудс) во сцена на политички кавги и конфликти.

Во објавеното писмено соопштение од Министерството се привлекува внимание на присутната затегнатост во окупираниот Источен Ерусалим (Кудс) и се нагласува дека Нетанјаху по пат на зголемување на тензијата во Ерусалим (Кудс) се обидува да ги направи неуспешни работите за формирање на новата влада во Израел.

Во соопштението се вели следното: „Нетанјаху за да се спаси себе си ја зголемува агресијата врз Ерусалим (Кудс).“

Во соопштението му се одделува место и на нападот на израелската полиција во маалото Шејх Џерах во Источен Ерусалим (Кудс) врз новинарите меѓу кои се наоѓаше и екипата на катарскиот телевизиски канал „Ал Џезира“, а воедно се вели следното: „Нетанјаху верува дека блокирањето на патот пред новата израелска влада којашто ќе се формира поминува од затегнатоста во Ерусалим (Кудс), бидејќи тоа ќе доведе до силни реакции кај останатиот дел од палестинските територии и во регионот.“

Во соопштението на палестинското Министерство за надворешни работи се предупредува дека можат да бидат направени неуспешни меѓународните и регионалните напори во правец на зајакнување на постигнатиот прекин на огнот меѓу Израел и палестинскте групи, пред се Хамас, како и стопирање на „постојаната агресија“ врз палестинскиот народ.

Инаку, во Израел продолжуваат да се водат активности за формирање на новата Влада по одржаните избори на 23 март.

За формирање на коалиционата влада со којашто ќе се обезбеди израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да ја напушти премиерската фотелја треба да се добие доверба во израелскиот Парламент, Кнесетот до 14 јуни.

 



Слични вести