Фејсбук се извини поради техничкиот проблем во врска со споделените објави со поддршка на Палестина

Гигантот на социјалните медиуми Фејсбук се извини поради техничкиот проблем во врска со споделените објави со поддршка на Палестина

1652895
Фејсбук се извини поради техничкиот проблем во врска со споделените објави со поддршка на Палестина

Гигантот на социјалните медиуми Фејсбук соопшти дека блокирањата и попречувањата на споделените објави на канадските корисници со поддршка на Палестина произлегуваат од технички проблем и се извини поради оваа состојба.

Претставништвото на Фејсбук во Канада, по доставените поплаки на некои корисници за тоа дека исчезнале или биле избришани нивните погледи и споделени пораки во врска со насилството во Палестина во изминатите недели, соопшти дека причина за проблемот е технички дефект.

Компанијата се извини поради проблемот којшто влијаел на споделувањето на информации од страна на корисниците.

Од друга страна, не беа дадени информации во однос на тоа дали наведениот технички проблем влијаел и на споделените објави на произраелските корисници или на другите споделени содржини во врска со Блискиот исток.  

Инаку, во реализираните напади од страна на Израел на крајот на минатиот месец најпрвин на маалото Шејх Џерах во Ерусалим (Кудс), а потоа и врз Палестинците во Месџид-и Акса и врз Газа, животите ги загубија 254 лица од кои 67 деца и 39 жени, а стотици лица беа ранети.

Корисниците на социјалните медиуми и покрај сите попречувања и блокирања споделија објави со поддршка на Палестина и со тоа обезбедија голем придонес за создавање на јавно мислење во светот за солидаризација со Палестинците кои беа цел на израелските напади.

Исто така корисници кои имаат голем број свои следбеници на Фејсбук и на другите социјалните медиуми извесно време соопштуваат дека се соочуваат со попречувања и блокирања при споделување на своите објави со поддршка на Палестина.

 



Слични вести