Во вооружени напади во Нигерија загинаа најмалку 88 лица

Во провинцијата Кеби во западноафриканската држава Нигерија на 3 јуни се реализирани напади од страна на вооружени лица во кои загинаа најмалку 88 лица

1652531
Во вооружени напади во Нигерија загинаа најмалку 88 лица

Во реализирани напади од страна на вооружени лица во провинцијата Кеби во западноафриканската држава Нигерија, загинаа најмалку 88 лица. 

Портпаролот на полицијата во провинцијата Кеби Нафи'у Абубакар истакна дека засега неидентификувани вооружени лица на 3 јуни извршија напади во 8 области во провинцијата.

Абубакар рече: „По нападите се пронајдени мртвите тела на 88 лица.“

Нафи'у Абубакар информира дека во областите во кои се реализирани вооружените напади се испратени безбедносни сили и е започната истрага во врска со случајот. 

Во реализиран напад од страна на вооружени лица и во месец април во истата провинција во западноафриканската држава Нигерија, животите ги загубија 9 полициски службеници.

 



Слични вести