Бројот на загинатите во терористичкиот напад во Буркина Фасо се зголеми на 160 лица

Ноќта доцна во петокот кон сабота е реализиран терористички напад во едно село во областа Сахел во Буркина Фасо во кој има голем број загинати и тешко ранети поради што се стравува од зголемување на бројот на жртвите

1652699
Бројот на загинатите во терористичкиот напад во Буркина Фасо се зголеми на 160 лица

Бројот на загинатите во реализираниот терористички напад во едно село во северниот дел на западноафриканската држава Буркина Фасо се зголеми на 160 лица.

Според добиени информации од безбедносни извори, ноќта доцна во петокот кон сабота е реализиран терористички напад врз селото Јагхга во областа Сахел во Буркина Фасо во кој има голем број загинати и тешко ранети поради што се стравува од зголемување на бројот на жртвите.

Во Буркина Фасо почнувајќи од сабота е поргласена тридневна жалост во земјата, додека во врска со терористичкиот напад пристигнаа осуди од голем број меѓународни организации.

Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Антонио Гутерес жестоко го осуди нападот окарактеризирајќи го како „понизен“ и упати повик до меѓународната заедница за зголемување на поддршката на земјите во регионот кои водат борба против тероризмот.

Во објавеното соопштение од страна на Европската унија (ЕУ) се истакнува дека најостро како никогаш досега се осудува овој „варварски“ напад и се повторува поддршката на Буркина Фасо во борбата против тероризмот.

Претседателот на Брегот на Слоновата Коска Аласан Куатара исто така го осуди нападот и ја даде пораката за солидарност со народот на Буркина Фасо.

Во меѓувреме, и Министерството за надворешни работи на Турција објави соопштение со кое го осуди терористичкиот напад во западноафриканската држава Буркина Фасо.

 



Слични вести