Волстрит џорнал објави напис за турските вооружени беспилотни летала

Овие летала, кои можат да летаат сами или во групи, ја презедоа задачата на своите претходници, односно многу скапите воени авиони

1651462
Волстрит џорнал објави напис за турските вооружени беспилотни летала

Волстрит џорнал, еден од водечките американски весници објави напис во кој истакнува дека евтините вооружени беспилотни летала (СИХА) произведени во Турција, во војните во Сирија, Либија и Азербејџан имале улога на „менувач на игра“.

Веста на Џејмс Марсон и Брет Форест беше објавена под насловот „Ефтините турски вооружени беспилотни летала ги преобликуваат конфликтните зони и геополитиката“.

Посочувајќи дека малите армии ширум светот се свртуваат кон поевтини средства за напад против нивните целосно опремени непријатели, во веста се истакнува дека „Оваа нова воена тактика, која минатата година се покажа како успешна во регионалните конфликти, го смени стратешкиот баланс околу Турција и Русија“.

Во веста се истакнува дека „Евтината дигитална технологија произведена во Турција уништи тенкови, други оклопни возила и други одбранбени системи во војните што Русија ги презеде во Сирија, Либија и Азербејџан. Овие вооружени бепсилотни летала се високотехнолошки, но исто толку ефикасни против скапите воени средства, но исто така најавуваа ефтина воена иднина“.

Во веста беше посочено дека овие летала, кои можат да летаат сами или во групи, ја презедоа задачата на своите претходници, односно многу скапите воени авиони.

„Овие вооружени беспилотни летала можат да останат во воздух 24 часа и да најдат празнини во системите за противвоздушна одбрна (ПВО), да им помогнат на воените авиони самите да ги насочат и лансираат ракетите, а исто така и самите можат да исфрлаат ракети.

Укажувајќи на тоа дека турските вооружени беспилотни летала исто така беа многу ефикасни во победата на Азербејџан во Нагорно Карабах во ноември, во веста се истакнува дека „Успехот на беспилотните летала му помогна на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган да го зголеми своето регионално влијание без да ризикува голем број војници или скапа опрема“.



Слични вести