Палестинските сили на отпор отворија оган врз израелските беспилотни летала

околу 10 беспилотни летала на невообичаено мала висина, летале над населбата Шуџаије поради што бил отворен оган за да се соборат овие летала

1651510
Палестинските сили на отпор отворија оган врз израелските беспилотни летала

 

Палестинските сили на отпорот отворија оган врз израелските беспилотни летала кои летаа на ниска надморска височина во различни делови на Газа.

Според информациите добиени од очевидци, израелски беспилотни летала биле лансирани доцна во ноќта и летале на мала надморска височина над населбите во Ез-Зејтун, Еш-Шуџаије и Ет-Туфах на истокот од градот Газа, Еш-Шати, Тел ал-Хева и Ер-Римал на запад од градот Газа, Џибалија, Бејт Лахија и Ал-Кераме на север од појасот Газа.

Од наведените беспилотни летала бил отворен жесток оган врз населбите на градот Газа.

Еден службеник за безбедност, кој сакаше да остане анонимен рече дека околу 10 беспилотни летала на невообичаено мала висина, летале над населбата Шуџаије поради што бил отворен оган за да се соборат овие летала.



Слични вести