ЕУ изрази задоволство од воспоставувањето дијалогот меѓу Турција и Египет

На разговорот меѓу Мишели Сиси се дискутираше за билатералните односи и регионалните прашања

1651249
ЕУ изрази задоволство од воспоставувањето дијалогот меѓу Турција и Египет

Шарлс Мишел, претседателот на Советот на Европската унија (ЕУ), рече дека го поздравува дијалогот меѓу Турција и Египет.

Според соопштението објавено од Советот на ЕУ, Мишел оствари телефонски разговор со претседателот на Египет Абдулфатах ес-Сиси.

Во соопштението беше наведено дека на разговорот се дискутираше за билатералните односи и регионалните прашања, а исто така беа разменети мислења и за прашањето за безбедноста и стабилноста во Источен Медитеран.

Во соопштението беше наведено дека „Претседателот на Европскиот совет, Мишел, истакна дека ЕУ има интерес да се одржуи стабилна и безбедна атмосфера во Источен Медитеран и го поздрави тековниот дијалог меѓу Египет и Турција“.

Мишел и Сиси исто така разговараа и за мировниот процес на Блискиот Исток, а Мишел во ова прилика изрази благодарност на Египет за напорите во прекинот на огнот меѓу Израел и Хамас.

Двајцата лидери се согласија дека ЕУ и Египет имаат заеднички интерес за обезбедување на стабилноста и единството во Либија и ја истакнаа важноста за поддршка на Владата на националното единство.



Слични вести