Продолжуваат реакциите против објавената т.н. „мапа на исламот“ од страна на Владата во Австрија

Проф. д-р Хајнц Гартнер привлече внимание дека по оваа примена секој момент може да дојде до напади против институциите на муслиманите

1649864
Продолжуваат реакциите против објавената т.н. „мапа на исламот“ од страна на Владата во Австрија

Продолжуваат реакциите против Австрија поради објавената т.н „мапа на исламот“ на Документацискиот центар за надзор над политичкиот ислам којашто потсеќа на стигматизација (обележување или означување) на муслиманите од страна на Владата на премиерот Себастијан Курц, а во која се внесени детални податоци во врска со сите муслимански институции во оваа земја, џамии, здруженија, организации, центри за едукација и нивни адреси, како и имиња на лидерите на локалните заедници и нивните евентуални врски со странство.

Професорот на Факултетот за комуникации при Виенскиот универзитет и претседател на Советодавниот совет на Меѓународниот институт за мир (IIP) проф. д-р Хајнц Гартнер во објавеното писмено соопштение го истакна следното: „Ислам-Ландкарте (İslam-Landkarte, мапата на исламот) е дискриминација кон одредена група (заедница) во општеството.“

Гартнер привлече внимание дека по оваа примена секој момент може да дојде до напади против институциите на муслиманите.

Архиепископот на евангелистичката заедница во Австрија Михаел Чалупка исто така во објавеното писмено соопштение укажа дека мапата во којашто се споделуваат личните податоци на голем број лица поединци може да ги доведе во опасност животите на голем број луѓе. 

Чалупка рече: „Оваа мапа по брза постапка треба да биде крената од интернет.“

Главниот свештеник на евангелистичката заедница во Виена Томас Хенефелд исто така истакна дека ставањето во примена на една ваква иницијатива во период кога се влијателни омразата кон муслиманите и приодите против исламот (антиисламизмот), го смета за крајно неодговорен, небрежен и несовесен став.

Инаку, „Документацискиот центар за надзор над политичкиот ислам“ којшто е формиран под водство на коалиционата влада на десничарската Народна партија на Австрија на премиерот Себастијан Курц (ОеВП) и Партијата на Зелените, сподели со јавноста односно објави дигитална мапа т.н. „İslam-Landkarte, мапа на исламот“ во која се внесени детални податоци во врска со повеќе од 600 институции на муслиманите во Австрија, џамии, здруженија, организации, центри за едукација и нивни адреси, како и имиња на лидерите на локалните заедници и нивните евентуални врски со странство.

 



Слични вести