Израел избира нов претседател: Во трка двајца кандидати Исак Херцог и Миријам Перец

Пратениците на израелскиот Парламент, Кнесетот денеска ќе го изберат новиот претседател на државата, помеѓу ционистката активистка Миријам Перец и поранешниот претседател на Работничката партија Исак Херцог

1650254
Израел избира нов претседател: Во трка двајца кандидати Исак Херцог и Миријам Перец

Израелскиот Парламент го избира новиот претседател на државата кој ќе го замени актуелниот претседател Реувен Ривлин чиј мандат истекува на 9 јули.

Во објавеното писмено соопштение од претседателството на Парламентот се истакнува дека гласањето за нов претседател во Парламентот ќе се одржи со тајно гласање.

Во соопштението се вели следното: "Пратениците денеска ќе го изберат новиот претседател на државата Израел."

На гласањето што ќе се одржи во израелскиот Парламент, Кнесетот, се натпреваруваат поранешниот претседател на Работничката партија Исак Херцог и ционистката активистка Миријам Перец која живее во еврејската населба Гиват Зе'ев помеѓу окупираниот Западен Брег и Источен Ерусалим (Кудс) и која е родум од Казабланка-Тунис.

 



Слични вести