Исак Херцог избран за нов 11. претседател на Израел

Поранешниот претседател на Работничката партија Исак Херцог е избран за нов 11. претседател на Израел

1650518
Исак Херцог избран за нов 11. претседател на Израел

Исак Херцог е избран за нов 11. претседател на Израел.

Израелските пратеници денеска гласаа за избор на новиот претседател кој ќе ги замени актуелниот претседател Реувен Ривлин чиј мандат истекува на 9 јули.

На одржаното гласање во израелскиот Парламент, Кнесетот, се натпреваруваа двајца кандидати, поранешниот претседател на Работничката партија Исак Херцог и ционистката активистка Миријам Перец која живее во еврејската населба Гиват Зе'ев помеѓу окупираниот Западен Брег и Источен Ерусалим и која е родум од Казабланка-Тунис.

Во првиот круг на гласањето Исак Херцог освои 87 гласови од вкупно 120 пратеници, додека неговата противничка Миријам Перец остана 27 гласа.

На тој начин Исак Херцог е избран за нов 11. претседател на Израел.

60-годишниот Херцог кој ја извршуваше функцијата претседател на Еврејската агенција, воедно е син на 6. израелски претседател Хаим Херцог кој беше на должност во периодот 1983-1993 година.

Исак Херцог во периодот 2013-2017 година ја извршуваше и функцијата лидер на Работничката партија.

На тој начин по истекувањето на мандатот на актуелниот претседател Реувен Ривлин на 9 јули на претседателската фотелја ќе седне Исак Херцог.

Претседателот во Израел кој се избира со мандат од 7 години, спротивно на премиерот кој располага со широки овластувања, располага со ограничени овластувања и има симболично значење.

Надлежностите на претседателот се ограничени со помилување на затворениците, примање на акредитивните писма на амбасадорите и назначување на претставниците мандатори за формирање на владите. 

 



Слични вести