СЗО: До крајот на септември треба да бидат вакцинирани најмалку 10 отсто од населението во светот

Повик од генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус до земјите членки: До крајот на септември треба да бидат вакцинирани најмалку 10 отсто, а до крајот на годината најмалку 30 отсто од населението во светот

1649191
СЗО: До крајот на септември треба да бидат вакцинирани најмалку 10 отсто од населението во светот

Светската здравствена организација (СЗО) упати повик до крајот на месец септември да бидат вакцинирани против новиот тип коронавирус (Ковид-19) најмалку 10 отсто, а до крајот на годината најмалку 30 отсто од населението во светот.

Во швајцарскиот град Женева заврши 74-от состанок на Светската здравствена асамблеја како највисок одлучувачки орган на Светската здравствена организација (СЗО).

На последниот ден на асамблејата којашто започна на 24 мај преку видео-конференција, генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус им се обрати на претставниците на 194 земји членки на организацијата 

Гебрејесус потсети дека е донесена одлука за одржување на специјален состанок на Светската здравствена организација (СЗО) на 29 ноември за разгледување на прашањето за подготвување на меѓународен договор за подготвеност и одговор на пандемијата во рамките на Светската здравствена асамблеја.

Велејќи „Факт е дека има да направиме уште многу работи за да ставиме крај на оваа пандемија“, Гебрејесус предупреди дека и покрај тоа што во глобални рамки продолжуваат да се намалуваат случаите на Ковид-19 и смртните случаи предизвикани од епидемијата ќе претставува голема грешка да се мисли дека поминала заканата за било која земја. 

Гебрејесус напомена дека мерките за правична вакцинација и за општо народно здравје продолжуваат да претставуваат излез за ставање крај на пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) и го подвлече следното: „Ги повикивам сите земји членки до крајот на септември да бидат вакцинирани најмалку 10 отсто,а до крајот на годината најмалку 30 отсто од своето население.“

 



Слични вести