Советот на Европа ја предупреди Австрија поради објавената т.н. „мапа на исламот“

Главниот портпарол и специјален претставник на Советот на Европа Даниел Холтген ја предупреди Австрија поради „студијата којашто потсеќа на стигматизација (обележување или означување)“ на муслиманите од страна на Владата на оваа земја

1649162
Советот на Европа ја предупреди Австрија поради објавената т.н. „мапа на исламот“

Советот на Европа ја предупреди Австрија поради „студијата којашто потсеќа на стигматизација (обележување или означување)“ на муслиманите од страна на Владата на оваа земја. 

Главниот портпарол и специјален претставник на Советот на Европа за антиисламизам, антисемитизам и злосторства од омраза Даниел Холтген информира дека прикажана дигитална мапа  т.н. „Документациски центар за надзор над политичкиот ислам“ којашто е ставена во примена од страна на Владата на премиерот Себастијан Курц во Австрија, а во која се внесени детални податоци во врска со сите муслимански здруженија во оваа земја, располага со потенцијал на создавање на антимуслиманство и негативен ефект.

Холтген со објавување на писмено соопштение покажа реакција против  дигиталната мапа наречена „Islamlandkarte“ (мапа на исламот) во Австрија во која се внесени детални податоци во врска со повеќе од 600 институции на муслиманите во Австрија, џамии, здруженија, организации, центри за едукација и нивни адреси, како и имиња на лидерите на локалните заедници и нивните евентуални врски со странство.

Нагласувајќи дека споделувањето на детални податоци во оваа студија којашто потсетува на „стигматизација“ (обележување или означување) станува причина муслиманската заедница да се чувствува „стигматизирана“ (обележана), вознемирена и под безбедносен ризик, Холтген го сподели следниот став: „Мапата на исламот со нејзината сегашна форма треба да се крене од употреба.“

По „стигматизацијата“ (обележувањето или означувањето) на организациите и објавувањето на детални податоци во врска со муслиманите од страна на австриската Влада, беше извршен расистички напад врз една џамија во градот Салзбург на чиј прозорец беше напишан изразот „Хитлер се врати“.

Против „стигматизацијата“ на муслиманите во Австрија покажа реакција и градоначалникот на Виена Михаел Лудвиг кој рече дека оваа дигитална мапа ќе доведе до поделби меѓу народот.

 



Слични вести