Министерот за надворешни работи на Ерменија Ара Ајвазјан поднесе оставка

Портпаролката на Министерството за надворешни работи Ана Нагдалјан во објавеното соопштение преку социјалната мрежа Фејсбук информира дека министерот за надворшени работи Ара Ајвазјан го достави своето писмо со оставка

1647180
Министерот за надворешни работи на Ерменија Ара Ајвазјан поднесе оставка

Министерот за надворешни работи на Ерменија Ара Ајвазјан поднесе оставка.

Портпаролката на Министерството за надворешни работи Ана Нагдалјан во објавеното соопштение преку социјалната мрежа Фејсбук информира дека министерот за надворешни работи Ара Ајвазјан го достави своето писмо со оставка.

Во соопштението не беа дадени информации во врска со причината за оставката.

Инаку, Ара Аjвазјан беше назначен за министер за надворешни работи на Ерменија на 18 ноември 2020 година откако Ерменија го призна поразот пред Азербејџан во Карабах кој приближно 30 години го држеше под окупација.  



Слични вести