Базите и полициските станици од кои се повлекуваат САД преминуваат под контрола на Талибан

Според „Џујорк тајмс“, од 1 мај кога започна повлекувањето на американските војници досега најмалку 26 бази и полициски станици на авганистанските безбедносни сили во провинциите Лагман, Баглан, Вардак и Газне, преминаа под контрола на Талибан.

1647333
Базите и полициските станици од кои се повлекуваат САД преминуваат под контрола на Талибан

Во Авганистан од кадешто Соединетите Американски Држави (САД) почнаа да се повлекуваат од 1 мај, голем број авганистански бази и полициски станици преминаа под контрола на Талибан.

Според веста на американскиот весник „Њујорк тајмс“ (New York Times, NYT) повикувајќи се на локални извори, почна да се чувствува доминацијата на Талибан во некои области во Авганистан од коишто САД продолжуваат да се повлекуваат.

Од 1 мај кога започна повлекувањето на американските војници досега најмалку 26 бази и полициски станици на авганистанските безбедносни сили во провинциите Лагман, Баглан, Вардак и Газне, преминаа под контрола на Талибан.

Во веста се тврди дека Талибан им се заканува на авганистанските безбедносни сили со зборовите „или ќе се предадете или ќе умрете“, а воедно се вели дека авганистанските безбедносни сили ги предале на Талибан и се повлекле од наведените бази и полициски станици.

Освен тоа во веста се наведува дека Талибан го зголемува своето влијание особено во источните делови на земјата.

Инаку, администрацијата на САД на 29 февруари 2020 година постигна договор со Талибан и согласно овој договор беше постигната согласност во однос на тоа дека на 1 мај 2021 година САД целосно ќе се повлечат од Авганистан.

Потоа администрацијата на претседателот Џо Бајден соопшти дека американските војници почнувајќи од 1 мај до 11 септември целосно ќе се повлечат од Авганистан.

 



Слични вести