Повик од ОН до Израел за отвотрање на граничните премини

Генералниот секретар на ОН Стефан Дујариќ на дневниот брифинг со новинарите рече дека Граничниот премин Ерез (Бејт Ханун) е отворен за меѓународните хуманитарни работници

1645738
Повик од ОН до Израел за отвотрање на граничните премини

Обединетите нации (ОН) го повикаа Израел да ги отвори граничните премини за да можат Палестинците, на кои им е потребен лекеарски третман да ја напуштат Газа.

Генералниот секретар на ОН Стефан Дујариќ на дневниот брифинг со новинарите рече:

„Граничниот премин Ерез (Бејт Ханун) е отворен за меѓународните хуманитарни работници, но од 11 мај е затворен за Палестинците, вклучително и палестински хуманитарни работници и оние кои треба да ја напуштат Газа за лекување“.

Повикувајќи на отворање на сите гранични премини кон Газа, Дујариќ рече дека и влезот за хуманитарна помош и граничните премини треба да бидат отворени за да можат Палестинците на кои им е потребен лекарски третман да ја напуштат Газа.

Израел, граничните премини Керм Абу Салим и Бејт Ханун (Ерез) ги отвори само за хуманитарна помош.



Слични вести