Бројот на загинатите Палестинци во израелските напади врз Појасот Газа се зголеми на 254

Министерството за здравство во Газа соопшти дека бројот на загинатите во единаесетдневните израелски напади врз Појасот Газа се зголеми на 254 лица од кои 66 деца и 39 жени

1645624
Бројот на загинатите Палестинци во израелските напади врз Појасот Газа се зголеми на 254

Бројот на загинатите во израелските напади врз Појасот Газа кој долги години се наоѓа под блокада, коишто започнаа на 10 мај и траеја во текот на 11 дена се зголеми на 254.

Во објавеното писмено соопштение од Министерството за здравство во Газа се истакнува дека животот го загуби уште еден Палестинец кој беше ранет во израелските напади.

На тој начин, бројот на загинатите во единаесетдневните израелски напади врз Појасот Газа се зголеми на 254 лица од кои 66 деца и 39 жени.

Инаку, израелските напади коишто беа започнати врз Појасот Газа на 10 мај по 11 дена завршија согласно постигнатиот договор со Хамас којшто стапи во сила на 21 мај во 02:00 часот по локално време.



Слични вести