ЕУ нема да дозволи Белорусија да го користи нејзиниот воздушен простор

ЕУ го осуди „присилното слетување“ на патничкиот авион во Минск, врз основа на известување за поставена бомба

1645226
ЕУ нема да дозволи Белорусија да го користи нејзиниот воздушен простор

 

Европската унија (ЕУ) ја осуди белоруското администрација која „присилно“ го слета патничкиот авион и го приведе нејзиниот опозициски новинар, поради што одлучи на оваа земја да не и дозволи да го користи воздушниот простор и аеродромите на ЕУ.

Додека продолжува Самитот на лидерите на ЕУ во Брисел, главниот град на Белгија, претставниците на ЕУ го споделија делот од декларацијата посветен на Белорусија, за која лидерите се согласија.

Соодветно на тоа, Советот на ЕУ, формиран од лидерите, го осуди „присилното слетување“ на патничкиот авион во Минск, главниот град на Белорусија, врз основа на известување за поставена бомба, а кој леташе на релација Атина-Вилнус.

Советот побара итно ослободување на опозицискиот новинар Раман Праташевиќ и неговата девојка, кои беа меѓу патниците и беа приведени.

Лиерите на ЕУ, инцидентот го нарекоа „невиден и неприфатлив“ и ја повикаа Меѓународната организација за цивилно воздухопловство (ИКАО) да започне истрага.

Во соопштението на лидерите се повикува на воведување нови санкции кои ќе вклучуваат санкции врз белоруски официјални лица и секторски цели, а авиокомпаниите основани во ЕУ да не летаат преку Белорусија.

Во декларацијата, исто така, се бара да зе забрани воздушниот простор на ЕУ за белоруските авиокомпании и да се спречи пристапот на нивните авиони на аеродромите во ЕУ.



Слични вести