Во Газа започната акција за чистење на рушевините од израелските напади

Градоначалникот на Газа Јахја ес-Сераџ во објавото писмено соопштение истакна дека сакаат да го кренат влијанието од израелските напади во областа и да ја дадат пораката дека Газа располага со силата да биде наново изградена со сопствени можности

1644339
Во Газа започната акција за чистење на рушевините од израелските напади
Gazze İmar Çalışması.jpg

Во Појасот Газа кадешто е причинета голема штета за време на единаесетдневното бомбардирање од страна на Израел, е започната акција за кревање на рушевините и чистење на теренот под слоганот „Ќе Изградиме“.

Во акцијата започната од страна на локалната управа на Газа се вклучени приближно илјада млади.

Градоначалникот на Газа Јахја ес-Сераџ во објавото писмено соопштение истакна дека сакаат да го кренат влијанието од израелските напади во областа и да ја дадат пораката дека Газа располага со силата да биде наново изградена со сопствени можности.

Велејќи дека оваа акција за изградба наново е започната денеска (вчера), Сераџ истакна дека со оваа акција којашто е поддржана од сите средини на општеството имаат за цел наново да ја вратат во живот и да ја заживеат наново Газа.

Градоначалникот на Газа Јахја ес-Сераџ додаде дека акцијата „Ќе изградиме“ ќе трае во текот на две недели.



Слични вести